свет

Рускиот претседател Путин во изолација поради Ковид-19

„Самоизолацијата на Путин не ја попречува неговата работа. Тој на програмите ќе учествува преку интернет“, истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

Ali Cura   | 14.09.2021
Рускиот претседател Путин во изолација поради Ковид-19

МОСКВА (АА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин, е во изолација откако се детектирани случаи на Ковид-19 кај лицата што биле околу него, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Кремљ се наведува дека Путин остварил телефонски разговор со претседателот на Таџикистан, Имамали Рахман.

Се истакнува дека на состаноците од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) и Шангајската организација за соработка (ШОС), што се планираат да се одржат во Душанбе оваа недела, Путин нема да присуствува лично, туку преку видеоконференција.

„Путин одреден временски период ќе биде во изолација откако се детектирани случаи на Ковид-19 кај лицата што биле околу него“, се нагласува во соопштението.

Во својот говор вчера со спортистите кои освоија медали на Параолимписките игри што се одржаа во Токио, Путин рече дека случаите на Ковид-19 околу него се зголемени и дека тој е во ситуација да се изолира.

Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во изјавата за медиумите рече дека некои луѓе кои работат околу Путин се заразиле со новиот тип коронавирус.

Наведувајќи дека Путин е во добра здравствена состојба, Песков рече: „Самоизолацијата на Путин не ја попречува неговата работа. Тој на програмите ќе учествува преку интернет.“

- Бројот на лица што се лекуваат дома и во болниците во Русија достигна највисока бројка 

Според соопштението на рускиот Центар за контрола и превенција на коронавирусот, во последните 24 часа детектирани се 17.837 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка достигна 7.176.085.

Во последните 24 часа како последица од коронавирусот починаа 781 лице. Вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 194.249.

Во моментот бројот на лица што се лекуваат во болниците и дома поради вирусот, достигна 563.803, што е највисоката бројка досега од почетокот на епидемијата.

На 8 јануари оваа бројка изнесуваше 563.754.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.