свет

Русија: Ја поддржуваме нормализацијата на односите меѓу Турција и Ерменија

„Русија е заинтересирана за нормализирање на односите меѓу Турција и Ерменија и презема чекори во оваа насока“

Emre Gürkan Abay   | 25.11.2021
Русија: Ја поддржуваме нормализацијата на односите меѓу Турција и Ерменија

МОСКВА (АА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, истакна дека Русија ја поддржува нормализацијата на односите меѓу Турција и Ерменија и дека тоа ќе придонесе за ситуацијата во регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Захарова на прес-конференцијата што ја одржа со видеоконференција, се осврна на случувањата во Јужен Кавказ.

Наведувајќи дека Ерменија побарала поддршка од Русија за воспоставување контакт со Турција, Захарова рече: „Русија е заинтересирана за нормализирање на односите меѓу Турција и Ерменија и презема чекори во оваа насока.“

Захарова, нагласувајќи дека Русија ќе продолжи да го поддржува процесот на сите можни начини, додаде: „Подготвени сме да ја дадеме сета поддршка што е во наши можности. Веруваме дека започнувањето на овој процес ќе придонесе за подобрување на општата ситуација во регионот.“

Таа рече дека ќе продолжат да преземаат чекори за создавање мирни и стабилни услови во регионот: „Секако дека посебно значење се придава на воспоставувањето и развојот на трговските, економските и транспортните врски во регионот.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.