свет

Русија тврди дека во Украина се уништени 211 авиони и 132 хеликоптери

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков, говореше за активностите на руската војска во војната во Украина

Ali Cura   | 23.06.2022
Русија тврди дека во Украина се уништени 211 авиони и 132 хеликоптери

МОСКВА (АА) - Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков, изјави дека во Украина досега се уништени 211 авиони, 132 хеликоптери и 3.750 тенка и оклопни возила, јавува Агенција Анадолија (АА).

Конашенков зборуваше за активностите на руската војска во војната во Украина.

Во таа пригода изјави дека украинската војска продолжува да претрпува значајни загуби. Според неговите зборови, во близина на населбата Мирна Долина во Луганск, поразени се војници на 57. Моторизирана бригада и на 34. Баталјон на Вооружените сили на Украина. Во текот на двата дена убиени се повеќе од 150 војници, а над 450 се повредени.

Конашенков рече дека половина од единиците на украинската 30. Механизирана бригада претрпела загуби и дека од местото на судирот се евакуирани повеќе од 170 војници и офицери кои се тешко ранети.

Додаде дека со високопрецизни проектили на руските сили во Миколаев се уништени 49 резервоари со гориво и 50 повеќецевни ракетни фрлачи, вклучително и оние со странско производство кои се наоѓаа во хангарите. На истото подрачје се уништени три бази за поправка на оклопни возила.

Руските воздушно-тактички единици во близина на Константиновка во Харков гаѓале 96 воени подрачја и радарски точки, а ракетните и артилериските единици отворија оган на 364 области. На островот Кубански уништена е хаубица M-777 од калибар 155 милиметри.

Конашенков рече дека во нападите на воздушните сили, ракетните и артилериските единици неутрализирани се повеќе од 650 припадници на украинските националистички сили, додека во подрачјата на Змиски Остров, Керсон, Харков, Доњецк и Луганск соборени се 21 украинско беспилотно летало.

„Погодени се 211 авиони, 132 хеликоптера, 1.329 беспилотни летала, 349 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 3.750 тенка и оклопни возила, 647 повеќецевни ракетни фрлачи, 2.088 хаубици и 3.818 специјални воени возила“, соопшти Конашенков.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın