свет

Русија со реакција за посетата на Помпео на нелегалните еврејски населби на Западниот Брег

Според меѓународното право, сите еврејски населби лоцирани на окупираните територии се сметаат за нелегални

Dmitri Chirciu   | 27.11.2020
Русија со реакција за посетата на Помпео на нелегалните еврејски населби на Западниот Брег

МОСКВА (АА) - Портпаролката на министерство за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, истакна дека посетата на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, на нелегалната еврејска населба на окупираниот Западен Брег е против резолуциите на Обединетите нации (ОН), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Захарова на неделната прес-конференција одржана во главниот град Москва, ја оцени посетата на Помпео на нелегалната еврејска населба на окупираниот Западен Брег.

Наведувајќи дека оваа посета е спротивна на принципите за решавање на палестинското прашање, Захарова рече: „Ова е доказ дека САД јасно ги потценуваат принципите на меѓународното право во врска со прашањето за Блискиот Исток. Обидите на американската администрација да им даде легитимитет на незаконски изградените населби во Израел е спротивно на одлуките на Советот за безбедност.“

Таа истакна дека ваквите чекори ги спречуваат напорите за повторно започнување на преговарачкиот процес за мир во регионот на Блискиот Исток, и го повтори ставот на Русија дека населбите изградени од Израел се нелегални.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, на 19 ноември ја посети нелегалната еврејска населба изградена на палестинска територија на окупираниот Западен Брег.

Според меѓународното право, сите еврејски населби лоцирани на окупираните територии се сметаат за нелегални.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.