свет

Русија подготвена на Турција да ѝ го продаде борбениот авион „Su-35“

- Директорот на руската државна корпорација „Ростек“, Сергеј Чемезов, изјави дека Русија е подготвена да ѝ го продаде на Турција борбениот авион „Su-35“

Ali Cura   | 18.07.2019
Русија подготвена на Турција да ѝ го продаде борбениот авион „Su-35“

МОСКВА

Директорот на руската државна корпорација „Ростек“, Сергеј Чемезов, изјави дека Русија е подготвена да ѝ го продаде на Турција борбениот авион „Su-35“, јавува Anadolu Agency (AA).

Чемезов одржа прес-конференција на која зборуваше за воено-техничката соработка на Русија и Турција.

На Турција ѝ предложи купување на борбениот авион од руско производство.

„Доколку нашите турски колеги изразат интерес, ние сме подготвени да разговараме за испораката на Su-35“, изјави Чемезов.

„Su-35“ е повеќенаменски борбен ловец на руската компанија „Сухој“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın