свет

Русија: Одложувањето на повлекувањето на американските војници од Авганистан ќе го отежни мировниот процес

Кабулов потсети дека САД и талибанците на 29 февруари 2020 година во катарскиот главен град Доха потпишале мировен договор.

Dmitri Chirciu   | 14.04.2021
Русија: Одложувањето на повлекувањето на американските војници од Авганистан ќе го отежни мировниот процес

МОСКВА

Замир Кабулов, специјален претставник за Авганистан на рускиот претседател Владимир Путин, истакна дека плановите на САД за одложување на повлекувањето на американските војници од Авганистан ќе го отежнат мировниот процес во оваа земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кабулов даде изјава за руската новинска агенција РИА, во која говореше за авганистанското прашање.

Тој се осврна на плановите на САД за повлекување на нивните војници од Авганистан пред 11 септември.

Кабулов потсети дека САД и талибанците на 29 февруари 2020 година во катарскиот главен град Доха потпишале мировен договор.

„Тоа ќе го отежни мировниот процес бидејќи тоа е отворено прекршување на договорот помеѓу САД и талибанците“, рече Кабулов.

Според него, талибанците се против овие чекори на САД.

„Нашите американски колеги треба да им ја објаснат оваа ситуација на талибанците со кои постигнаа договор. Треба да се спроведе договорот“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın