свет

Русија: НАТО ги шири воените активности на подрачјето на северна Европа

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова истакна дека обвиненијата против Русија, изнесени по самитот, не се втемелени на доказите.

Ali Cura   | 12.07.2018
Русија: НАТО ги шири воените активности на подрачјето на северна Европа (Foto: Arhiva/ AA)

Moskova

МОСКВА (АА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека НАТО, критикувајќи ја Русија, ги проширил воените активности на подрачјето на северна Европа и Балтичкиот регион, јавува Anadolu Agency (AA).

Во обраќањето на неделната прес-конференција во Москва, Захарова изјави дека Русија внимателно и детално ќе ги анализира сите одлуки донесени на Самитот на НАТО во Брисел.

Таа истакна дека обвиненијата против Русија, изнесени по самитот, не се втемелени на докази.

„Воениот блок на НАТО под таков изговор ги шири активностите на подрачјето на северна Европа и Балтичкиот регион“, изјави Захарова.

На новинарско прашање како ги коментира зборовите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Германија станала заробеник на Русија, истакна дека само во базите на Германија бројот на америкаснките војници изнесува околу 35 илјади.

„Ова покажува кој навистина ја контролира Германија. Ние со Германија имаме трговски односи, додека САД само таму има своја воена база“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

Потсетуваме, Трамп вчера, на првиот ден од Самитот на НАТО, остро ја нападна Германија, особено се нафрли на плиноводот Северен ток II, поради што, како рече, Германија станала заробеник на Русија.

„Морам да кажам дека е многу тажно кога Германија склопува големи нафтени и плински договори со Русија, а од нас се очекува да ја штитиме од Русија, додека тие секоја година плаќаат милијарди на Русија“, изјави Трамп за време на работниот доручек со генералниот сектретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој додаде дека Германија е под потполна контрола на Русија, напоменувајќи дека Русите се богатат на Германија за која повтори дека е заробеничка на официјална Москва.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın