свет

Русија: Над 100 починати од Ковид-19 веќе четврти ден по ред

Во Русија денеска, четврти ден по ред, се пријавени повеќе од 100 смртни случаи од Ковид-19

Elena Teslova   | 22.05.2020
Русија: Над 100 починати од Ковид-19 веќе четврти ден по ред

МОСКВА

Во Русија денеска, четврти ден по ред, се пријавени повеќе од 100 смртни случаи од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Во текот на изминатите 24 часа, во земјата се регистрирани 150 жртви, со што вкупниот број на починати од последиците на вирусот изнесува 3.249“, се соооштува од Тимот за итни случаи на земјата.

Во меѓувреме, бројот на заразени лица се искачи на 326.448, откако 8.894 лица на тестирањето беа позитивни на Ковид-19.

Од вчера, 7.144 лица се пуштени од болниците на лекување, со што бројот на излекувани се зголеми на 99.825, додека повеќе од 277 лица се под медицински надзор.

Русија продолжува со масовното тестирање на Ковид-19, со цел да се открие раната фаза на вирусот, за што досега се направени 8,1 милион тестови.

И покрај прилично острите мерки кои вклучуваат затворање на главниот град Москва, забрана за влез на странци и суспендирање на меѓународниот воздушен сообраќај, Русија е моментално втора земја во светот која е најмногу погодена од Ковид-19.

Тројца руски официјални претставници, вклучувајќи го и портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, се хоспитализирани поради вирусот, додека уште тројца претходно беа пуштени од болница.

Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, се рашири во речиси 200 земји и региони. Европа и САД во моментов се најтешко погодени региони.

Пандемијата досега ги зеде животите на над 333 илјади луѓе во светот, над 5,1 милион се заразени, додека излекувани се 1,9 милион, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın