свет

Русија испрати нови платеници во Либија за да ги поддржи милитантите на Хафтар

- Русија, постигнувајќи договор со посредство на соработниците на режимот во местата Закије и Кисве во Дамаск, во Либија испрати 150 војници на кои месечно ќе им плаќа од 1.000 до 1.500 американски долари

Mohamad Misto,Adham Kako   | 29.05.2020
Русија испрати нови платеници во Либија за да ги поддржи милитантите на Хафтар

АНКАРА

Русија во Либија испрати 150 платеници кои престојуваат во Дамаск под контрола на режимот на Асад во Либија за да пружат поддршка на водачот на нелегитимните сили на источниот дел на земјата, Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).

Локалните извори тврдат дека Русија, која во Сирија го поддржува режимот на Асад, продолжува да ги јакне редовите на милитантите на Хафтар со помош на платениците од Сирија.

Русија, постигнувајќи договор со посредство на соработниците на режимот во местата Закије и Кисве во Дамаск, во Либија испрати 150 војници на кои месечно ќе им плаќа од 1.000 до 1.500 американски долари.

Русија во претходните денови од различни делови на Сирија испрати стотици платеници во Либија.

Таканаречената Национална војска на Либија на Хафтар ја поддржуваат и припадниците на суданската група платеници „Џанџавид“, како и голем број други платеници како припадниците на бунтовничките групи од Чад и платениците на руската група „Вагнер“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın