свет

Русија во редовите на Хафтар ги испрати воените злосторници „Шабиха“ од Сирија

Според информациите добиени од локални извори, Русија продолжува со платеници борци од Сирија да ги зајакнува редовите на пучистот Хафтар во Либија

Mohamad Misto,Ethem Emre Özcan   | 19.09.2020
Русија во редовите на Хафтар ги испрати воените злосторници „Шабиха“ од Сирија

КАМИШЛИ

Според информациите добиени од локални извори, Русија продолжува со платеници борци од Сирија да ги зајакнува редовите на пучистот Хафтар во Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Русија испрати во Либија 400 лица од локалната милиција основана од силите на режимот на Асад.

Членовите на „Шабиха“, што се приклучија на страната на Хафтар во Либија, претходниот ден од аеродромот во Камишли пристигнаа во руската база „Химејмим“ во Латакија.

Процесот на испраќање на „Шабиха“ во Либија го водеше Салим ел-Хелуш, еден од лидерите на партијата Баас во регионот.

Русија плаќа од 1500 до 2000 илјади долари месечно на платеници што се испратени од Сирија во Либија.

Минатиот месец во Камишли, во североисточниот дел на земјата, што е под контрола на режимот на Асад, Русија постигна договор со 1.000 лица на возраст од 20 до 45 години за да се борат во редовите на Хафтар.

Бројот на платени борци што Русија досега ги испрати од Сирија во редовите на Хафтар надмина 5.000.

- „Шабиха“

Режимот на Асад ги користи локалните воени групи познати како „Шабиха“, со цел да ги зајакне своите сили против опозицијата.

„Шабиха“ е обвинета за убивање на многу протестанти што протестирале против Асад, а се смета дека брои околу 24.000 членови.

Во првата година од конфликтот, паравојската на „Шабиха“ почна да ги заменува војниците кои дезертираа од војската. Нивниот број значително се зголеми откако силите на режимот ја загубија моќта.

Се верува дека „Шабиха“ е финансирана од страна на прорежимски племенски лидери и бизнисмени, вклучувајќи го и роднината на Асад, Рами Маклуф.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.