свет

Русија вели дека сака побрзо да стави крај на конфликтот во Украина, но само по остварување на своите цели

- На прес-конференција во Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека Русија останува отворена за политичко и дипломатско решение, опишувајќи го овој пат како „најпосакуван“.

Alperen Aktaş  | 10.11.2025 - Обновена : 11.11.2025
Русија вели дека сака побрзо да стави крај на конфликтот во Украина, но само по остварување на своите цели

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија сака што е можно побрзо да стави крај на конфликтот во Украина, но смета дека е од клучно значење најпрво да се постигнат нејзините почетни цели, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе државната агенција ТАСС, јавува Анадолу.

На прес-конференција во Москва, Песков рече дека Русија останува отворена за политичко и дипломатско решение, опишувајќи го овој пат како „најпосакуван“.

Сепак, тој нагласи дека условите за мир зависат од исполнувањето на целите што Москва ги постави на почетокот на таканаречената „специјална воена операција“ во февруари 2022 година – „демилитаризација“ и „денацификација“ на Украина.

Песков тврдеше дека преговорите се во застој „не по вина на Русија“, обвинувајќи ги европските земји дека го охрабруваат Киев да верува во можноста за воена победа.

Тој додаде дека западните држави ја „подбуцнуваат Украина“ наместо да ги поттикнуваат разговорите за мир.

Според Песков, ситуацијата на фронтот е „динамична“ и покажува континуиран пад на позициите на Украина на бојното поле.

Тој истакна дека бројот на Украинци кои поддржуваат мир „под руските услови“ веројатно ќе расте со текот на времето, и покрај внатрешните притисоци во земјата.

Песков го нарече Казахстан „специјален и привилегиран партнер“, додавајќи дека се финализираат подготовките за државната посета на претседателот Касим-Жомарт Токаев во Русија, што започнува утре.

Песков потврди и дека посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Индија е планирана за крајот на 2025 година, опишувајќи ја како „значајна“ посета што ќе придонесе за зајакнување на билатералната соработка.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.