свет

Рохани: „САД станаа една администрација која ги спроведува политиките на Израел“

„САД чекорат против независните народи и држави, а со овие чекори му нанесуваат штета и на својот народ. САД станаа една администрација која ги спроведува политиките на Израел“

Muhammet Kurşun   | 21.01.2020
Рохани: „САД станаа една администрација која ги спроведува политиките на Израел“

ТЕХЕРАН (АА) - Претседателот на Иран, Хасан Рохани, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД), со чекорите кои ги прават, му нанесуваат штета на својот народ, и дека САД станале администрација која ги спроведува политиките на Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на иранското Претседателство, Рохани во Техеран се сретнал со шефот на венецуелската дипломатија, Хорхе Ареаза, а на средбата ги критикувал политиките на САД во врска со админситрациите на Техеран и Каракас.

Иранскиот претседател рече дека ќе стојат покрај Венецуела против притисоците на САД.

„САД чекорат против независните народи и држави, а со овие чекори му нанесуваат штета и на својот народ. САД станаа една администрација која ги спроведува политиките на Израел“, додаде тој.

Рохани нагласи дека Иран и Венецуела може да развијат соработка во областите како рударство, енергетика, централи, наука и технологија.

Од друга страна, венецуелскиот министер Ареаза упати благодарност до Иран поради дадената поддршка за Венецуела.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın