свет

Рохани: „САД влегоа во економска војна со Иран“

„САД не претпоставија дека ќе им се спротивстават 13 земји. Ова е успех и победа на Иран. Иран, како пред 40 години, и денес оствари голема правна, политичка и дипломатска победа“

Muhammet Kurşun   | 23.09.2020
Рохани: „САД влегоа во економска војна со Иран“

ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека со санкциите на доларот, како и со користењето на можностите на банкарскиот систем и мултинационалните економски институции, Соединетите Американски Држави (САД) влегле во економска војна со Техеран, јавува Агенција Анадолија (АА).

Рохани даде изјава за медиумите по состанокот на Советот на министри во Техеран и ги критикуваше новите санкции на САД кон Иран.

Тој додаде дека САД имаат за цел да ги затворат сите економски канали на Иран.

„На коцка не се санкциите, туку економската војна. Ние сме во економска војна. САД со доларите, банкарските активности и мрежите, како и со користењето финансии и мултинационални компании, влегоа во економска војна со Иран“, изјави Рохани.

Претседателот на Иран додаде дека САД во Советот за безбедност на ОН не успеале во обновувањето на ембаргото на оружје.

„САД не претпоставија дека ќе им се спротивстават 13 земји. Ова е успех и победа на Иран. Иран, како пред 40 години, и денес оствари голема правна, политичка и дипломатска победа“, вели Рохани.

Рохани се осврна и на Иранско-ирачката војна (1980 - 1988) и изјави дека тогашниот лидер на Ирак, Садам Хусеин, направил грешка во пресметката и дека со водењето економска војна против Иран, САД денес ја прават истата грешка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın