свет

Релито „Дакар“ однесе 29 животи

Гонсалвес, досега во Релито „Дакар“ учествуваше 13 пати, а во 2015 година натпреварувањето во генералниот пласман го заврши на 2. место. Тој е вториот мотоциклист што го загубил животот во релито, а 29-от спортист во историјата на организацијата.

Hüseyin Burak Demirer   | 13.01.2020
Релито „Дакар“ однесе 29 животи

АНКАРА (АА) – ХУСЕЈИН БУРАК ДЕМИРЕР / МУТЛУ ДЕМИРТАШТАН -

Португалскиот мотоциклист Пауло Гонсалвес е 29-тиот спортист што го загуби животот во Релито „Дакар“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Релито „Дакар“, што важи за една од најпредизвикувачките трки во светот во коe возачите минуваат илјадници километри, и оваа година загина едно лице.

Четириесетгодишниот Пауло Гонсалвес, кој се натпреваруваше за екипата на „Хиро“ во категоријата мотоцикли, почина како резултат на несреќа во 7-та фаза од Релито „Дакар 2020 година“, што се одржува во Саудиска Арабија.

Гонсалвес, досега во Релито „Дакар“ учествуваше 13 пати, а во 2015 година натпреварувањето во генералниот пласман го заврши на 2. место. Тој е вториот мотоциклист што го загубил животот во релито, а 29-от спортист во историјата на организацијата. Првиот мотоциклист што го загуби животот во трката е Михал Херник од Полска. 

- Не загинаа само учесници 

Во трките што се организираат во 5 различни категории, покрај спортистите досега загинаа околу 50 луѓе. 

Точниот број е непознат бидејќи секоја смрт не е регистрирана од страна на надлежните. Меѓу загинатите има новинари, лица од организацијата и гледачи.

Долго време трката се одржуваше на африканскиот континент. Но, поради заканите од тероризам трката се пресели во Јужна Африка во 2009 година. Оваа година за прв пат се одржува во Азија. 

Тиери Сабине, основачот на Релито „Дакар“, загина во 1986 година за време на одржување на трката. 

Сабине и уште четири лица страстни љубители на моторните спортови, коишто биле заедно со него, животот го загубиле во Мали кога нивниот хеликоптер удрил во песочен рид, како резултат на песочната бура.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın