свет

Рекорден број на смртни случаи од предозирање со дрога во САД

Извештајот на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажа дека смртноста од предозирање со дрога во САД изнесува 29,6 проценти од март 2020 година до истиот месец оваа година

Esin Eşkinat Sayılgan   | 14.10.2021
Рекорден број на смртни случаи од предозирање со дрога во САД

ЊУЈОРК (АА) – Бројот на починати како последица од предозирање со дрога во Соединетите Американски Држави (САД) ја надмина бројката од 96.000 во текот на 12 месеци, што е нов рекорд во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Извештајот на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажа дека смртноста од предозирање со дрога во САД се зголемила на 29,6 проценти од март 2020 година до истиот месец оваа година.

Во извештајот е наведено дека 96.779 лица починале во тој период поради предозирање со дрога.

Најголем пораст на смртност од предозирање со дрога во наведениот период од една година е забележан во американската сојузна држава Вермонт, околу 85 проценти.

Смртта од предозирање главно е предизвикана со употреба на опиоид и синтетички опиоид, а најмалку смртни случаи се забележани кај корисници на метадон.

ЦДЦ објави дека повеќе од 93.000 лица починале во текот на 2020 година поради предозирање со дрога.

Според неофицијални податоци, околу 31,9 милиони лица постари од 12 години во САД (11,7 проценти) користат некој вид на забранети дроги.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın