свет

Режимот на Асад се подготвува во Алепо да бомбардира цивилни населби и за тоа да ја обвини Турција

Според информациите на умерените опозициски групи, режимските сили се подготвувале да ја нападнат населбата Хамданије во Алепо, и да започнат пропаганда против Турција со која ќе ја обвинат дека таа е виновна за убиството на цивилите таму

Ekipa   | 20.02.2020
Режимот на Асад се подготвува во Алепо да бомбардира цивилни населби и за тоа да ја обвини Турција

АНКАРА (АА) - Елементи на режимот на Башар ал Асад во Сирија, напаѓајќи одредени населби во центарот на градот Алепо, се подготвуваат да ја обвинат Турција дека напаѓа цивили, пренесува Агенција Анадолија.

Умерената вооружена опозиција во Идлиб ја пресретна радиофреквенцијата на елементите на режимот на Асад.

Според информациите на умерените опозициски групи, режимските сили се подготвувале да ја нападнат населбата Хамданије во Алепо, и да започнат пропаганда против Турција со која ќе ја обвинат дека таа е виновна за убиството на цивилите таму.

Силите на режимот на Асад од декември 2016 година го контролираат целиот центар на градот Алепо.

Умерените опозициски групи започнаа операции во текот на денот за враќање на населбите што режимските сили ги заробија јужно од Идлиб.

Опозицијата, во рамките на операцијата влезе во селото Нејраб, кое се наоѓа северозападно од областа Серакиб.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın