свет

Путин и Помпео разговараа за глобалните и регионалните прашања

На состанокот е разговарано за подобрување на односите меѓу двете земји, за американските санкции кон Русија, нуклеарниот договор со Иран, состојбата во Сирија, Либија, Венецуела и другите земји

Ali Cura   | 15.05.2019
Путин и Помпео разговараа за глобалните и регионалните прашања

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера се состана со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, со кој разговараше за голем број актуелни глобални и регионални прашања, јавува Anadolu Agency (AA).

Приемот во Сочи траеше околу час и пол, а советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, со јавноста ја сподели информацијата за состанокот.

Ушаков изјави дека Русија и САД се за подобрување на односите и за повторно воспоставување комуникациски канали, што би требало да биде реализирано во фази.

На состанокот е разговарано и за американските санкции кон Русија, а Ушаков изјави дека не е можно да се воведуваат санкции на Русија, а истовремено од Русија да се очекува да стори нешто што ќе биде корисно за Американците.

Ушаков изјави дека Путин и Помпео разговарале и за Нов старт, договорот за ограничување на стратешкото нуклеарно вооружување. Кажано е и дека Русија е разочарана што САД се повлекоа од нуклеарниот договор со Иран.

Според неговите зборови, Путин и Помпео разговарале и за ситуацијата во Сирија, Авганистан, Иран, Либија, Северна Кореја и Венецуела.

„Путин изјави дека е многу тешко решавањето на авганистанското прашање, дека процесот тешко се одвива, а Талибанците се сè посилни. Поради тоа, потребно е активно да соработуваме“, изјави Ушаков.

Разговарано е и за купувањето на одбранбениот систем „С-400“, кој Турција го набавува од Русија.

„Знаеме дека Американците вршат притисок. Според мое мислење, брзо се одвива реализацијата на договорот постигнат пред неколку месеци. Досега не се забележани неуспеси“, изјави Ушаков.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın