свет

Путин изрази сочувство на Ердоган по повод земјотресот во Турција

Во соопштението од Кремљ се наведува дека Русија и нејзиниот народ ја споделуваат болката и тагата на семејствата на настраданите во разорниот земјотрес

Ali Cura   | 25.01.2020
Путин изрази сочувство на Ердоган по повод земјотресот во Турција

МОСКВА (AA) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати порака на сочувство поради земјотресот во градот Елазиг во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Кремљ се наведува дека Русија и нејзиниот народ ја споделуваат болката и тагата на семејствата на настраданите во разорниот земјотрес.

„Русија ја споделува болката и тагата на сите оние кои ги загубија своите најмили како последица на оваа катастрофа и на сите повредени им посакуваме брзо закрепнување“, порача рускиот претседател.

Во земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер кој вчера го погоди градот Елазиг, на истокот на Турција, смртно настрадаа 22 лица, а повредени се 1.030 лица.

Во градот Елазиг и понатаму трае акцијата за спасување од под урнатините на три згради. Во акциите на спасување учествуваат вкупно 1.167 спасувачи и 235 возила.

Епицентарот на земјотресот со 6,8 степени по Рихтер е регистиран во местото Сивриџе, недалеку од градот Елазиг, во близина на границата со Сирија. Земјотресот се почувствува и во околните градови Адана, Хатај и Османије и на подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın