свет

Протест на жителите на Египет против Ал Сиси

На протестите интервенираа безбедносните сили и приведени се голем број демонстранти. Овој протест е подготовка за големите антирежимски протести што се очекуваат на 20 септември.

Hamdi Yıldız   | 19.09.2020
Протест на жителите на Египет против Ал Сиси АА/Архива

ИСТАНБУЛ (АА) - Во египетски Суец се одржаа протести против претседателот Абдел Фатах ал Сиси, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Група граѓани се собраа на подрачјето Ал Мамел во Суец, источно од главниот град Каиро.

Демонстрантите извикуваа пароли „Не се плашиме, не се плашиме, меѓу вас и нас е 20 септември“.

Локалните медиуми наведуваат дека интервенирале безбедносните сили и дека приведени се голем број демонстранти. Овој протест е подготовка за големите антирежимски протести што се очекуваат на 20 септември.

И претходно во центарот на Каиро и во неколку други градови се одржаа протести против Сиси, поранешен армиски генерал кој во 2014 година ја презеде функцијата претседател, по соборувањето на демократски избраниот претседател на Египет, Мухамед Морси.

Протестите беа организирани како одговор на повикот Сиси да отстапи од позицијата, што го испрати Мухамед Али, бизнисмен кој ги обвини Сиси и војската за корупција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın