свет

Протести во Колумбија поради пожарите во Амазонија

„Дождовните шуми во бразилскиот дел на Амазонија оваа година ги зафатија рекорден број пожари“, соопшти државната Агенција за вселенски истражувања

Vesna Besiç   | 24.08.2019
Протести во Колумбија поради пожарите во Амазонија (Foto: Fuat Kabakcı/ AA)

БОГОТА (AA) - Голем број граѓани излегоа на улиците на Богота во Колумбија, во знак на незадоволство поради непреземање на потребните мерки со цел гаснење на пожарите, кои веќе две седмици беснеат во шумите во бразилскиот дел на Амазонија, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Дождовните шуми во бразилскиот дел на Амазонија оваа година ги зафатија рекорден број пожари“, соопшти државната Агенција за вселенски истражувања.

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, смета дека таа земја нема ресурси да се избори со пожарот. Рече дека неговата земја нема ресурси за борба против пожарите во Амазонија.

Најголемата светска прашума во бразилскиот Амазон, моментално ја уништуваат илјадници пожари.

Националниот институт за вселенски истражувања (Inpe) соопшти дека оваа година во прашумите гореле 83 отсто од пожарите повеќе отколку во 2018 година.

Од јануари до август оваа година забележани се повеќе од 72.000 пожари, што е најголем број од 2013 година, кога почнаа мерењата. Инпе наведува дека од четвртокот ја следи ситуацијата на повеќе од 9.500 пожаришта.

Чадот од пожарот во понеделникот предизвика помрачување во градот Сао Паоло, кое траеше околу еден час. Помрачувањето го предизвикаа силните ветрови кои го донесоа чадот од државите Амазонас и Рондони, околу 2.700 километри оддалечени од Сао Паоло.

Најголемата прашума во светот, Амазон, е витално складиште на јаглерод што го успорува темпото на глобалното загревање. Во шумата, исто така, се наоѓаат околу три милиони видови растенија и животни.

Шумските пожари во Бразил често избиваат во текот на сушна сезона, но и намерно се палат за да се исчисти нелегално шумата и да се добие простор за одгледување стока.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın