свет

Протести во Брисел пред Европската комисија поради извозот на забранети пестициди

Во текот на протестот коалицијата достави 75 симболични кутии – по една за секоја од 75 активни супстанции чие користење е забрането во ЕУ, но кои сепак се извезувале надвор од блокот

Aida Cako  | 02.12.2025 - Обновена : 02.12.2025
Протести во Брисел пред Европската комисија поради извозот на забранети пестициди Фото: Dursun Aydemir/AA

СКОПЈЕ (АА) - Членови на европската коалиција „Коалиција за крај на трговијата со токсични пестициди“ денес одржаа симболичен протест пред седиштето на Европската комисија во Брисел, јавува Анадолу.

За време на протестот демонстрантите држеа транспаренти и извикуваа слогани.

Во текот на протестот коалицијата достави 75 симболични кутии – по една за секоја од 75 активни супстанции чие користење е забрането во ЕУ, но кои сепак се извезувале надвор од блокот.

Активистите потсетија дека, според најновите наоди, Европската Унија во 2024 година одобрила извоз на речиси 120.000 тони од овие забранети пестициди, иако Европската комисија претходно се обврза да стави крај на оваа практика.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.