свет

Продолжува пазарењето за соединување меѓу режимот на Асад и ЈПГ/ПКК

ЈПГ/ПКК инсистира на автономија. Постојат и воени спорови меѓу режимот и терористичката организација.

Mohamad Misto,Selen Temizer   | 14.12.2019
Продолжува пазарењето за соединување меѓу режимот на Асад и ЈПГ/ПКК

АНКАРА (АА) - МОХАМАД МИСТО - СЕЛЕН ТЕМИЗЕР -

Продолжуваат средбите меѓу режимот на Башар ал Асад и терористичката организација ЈПГ/ПКК, со цел терористите и управувањето на териториите што се под нивна окупација да ѝ се придружат на Војската на режимот во Сирија, пишува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за надворешни работи на режимот, Велид Муалим, во септември 2017 година имаше изјавено дека се подготвени да преговараат со организацијата по прашањето за автономијата. Врз основа на ова, повеќепати во Дамаск и Хасеке се водени преговори за соработка, но не е постигнат никаков резултат.

По големиот удар што ѝ беше нанесен на терористичката организација ЈПГ/ПКК за време на турската операција „Извор на мирот“, режимот во октомври понуди уште еден предлог за соединување, но организацијата го одби и овој предлог бидејќи во предлогот не е дадена гаранција за заштита на нејзината структура.

Според информациите добиени од локални извори, продолжуваат средбите меѓу режимот и ЈПГ/ПКК.

- Постојат и воени спорови меѓу режимот и терористичката организација -

Режимот тврди дека управувањето со територијата окупирана од страна на ЈПГ/ПКК во Сирија треба да е регулирано според Законот за локална администрација донесен во октомври 2011 година. Според тоа, во споменатото подрачје ќе се спроведат избори, а избраните лица ќе бидат поврзани со Министерството за локална администрација.

ЈПГ/ПКК инсистира на автономија. Постојат и воени спорови меѓу режимот и терористичката организација.

Режимот на Асад сака ЈПГ/ПКК и сите елементи што се водат под името СДГ (SDG) да ѝ се приклучат на Војската, додека терористичката организација одговори дека се сложуваат да се приклучат, но како посебен полк во рамките на Војската.

Во исто време и двете страни се обидуваат да ги привлечат арапските племиња на своја страна.

Али Мемлук, претседател на Советот за национална безбедност, за кого се знае дека се наоѓа на врвот на режимското разузнавање, минатата недела се сретнал со племенските претставници и во замена за овластувања и привилегии побарал да ѝ се приклучат на Војската.

Три дена по оваа средба, со племенските лидери се сретна Мазлум Кобани, еден од водачите на ЈПГ/ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın