свет

Продолжуваат протестите против Нетанјаху во Израел

Околу илјада демонстранти организираа протести против Нетанјану собирајќи се пред премиерската резиденција во Западен Ерусалим (Западен Кудс).

Hamdi Yıldız   | 24.01.2021
Продолжуваат протестите против Нетанјаху во Израел ( Fotoreporter : Mostafa Alkharouf / Anadolu Agency )

ИЗРАЕЛ

Во различни градови во Израел продолжуваат неделните протести кои веќе седум месеци се организираат против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува Агенција Анадолија (АА). 

Според веста на јавниот радиодифузен сервис на Израел (КАН), околу илјада демонстранти синоќа организираа протести против Нетанјану собирајќи се пред премиерската резиденција во Западен Ерусалим (Западен Кудс).

Во веста на весникот „Yediot Ahronot“ се наведува дека демонстрантите велат дека политиката која владата ја спроведува во борбата против Ковид-19 е погрешна, упатувајќи апел за тоа веднаш да се суди Нетанјаху.

Слични протести се одржаа и во градовите Тел Авив и Кајасерја.

Протестите кои продолжуваат веќе седум месеци, се одржуваат неделно, но понекогаш два пати во неделата.

Демонстрантите тврдат дека владата е несупешна во борбата против Ковид-19 и бараат веднаш да му се суди на Нетанјаху кој го обвинуваат за корупиција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın