свет

Присилна мобилизација и вооружување на терористичката ЈПГ/ПКК во северна Сирија

„Влегле во мојот дом во селото Куба. Се заканиле дека доколку не се предадам, ќе го одведат татко ми“

?kipa   | 09.10.2019
Присилна мобилизација и вооружување на терористичката ЈПГ/ПКК во северна Сирија

ТЕЛ АБЈАД (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК која прогласи тридневна мобилизација на териториите што ги окупираше во северниот дел на Сирија, дневно со присила во просек вооружува околу 20 млади лица, јавува Anadolu Agency (AA).

ЈПГ/ПКК по прогласувањето на тридневната мобилизација на окупираните територии, ја забрза својата практика на присилно мобилизирање.

Терористичката организација, освен од подрачјето на Тел Абјан, првиот ден со присила вооружи 130 млади лица и од местата Рака, Расул Ајн, Мунбич и нивната околина.

Организацијата во моментов во просек дневно зема 20 лица.

- „Сакаат ние да војуваме со Турција“ -

Додека системот на задржување претходно се спроведуваше само на контролните точки, во моментов терористите на ЈПГ/ПКК упаѓаат и во куќи.

Едно момче од руралните делови на Мунбич кое сакаше да остане анонимно, за АА изјави: „Влегле во мојот дом во селото Куба. Се заканиле дека доколку не се предадам, ќе го одведат татко ми.“

Момчето, изјавувајќи дека посакува од територијата на Турција да бидат отстранети терористите, посочи „Тие сакаат ние да војуваме со Турција.“

ЈПГ/ПКК младите што ги задржува во своите редови ги испраќа во формираните кампови за обука северно од Рака.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın