свет

Природните катастрофи во Индонезија за 11 месеци одзедоа 462 животи

Во периодот 1 јануари - 2 декември на целата територија на државата се случиле 3.415 природни катастрофи

Mahmut Atanur   | 03.12.2019
Природните катастрофи во Индонезија за 11 месеци одзедоа 462 животи

ЏАКАРТА (АА) - Оваа година природните катастрофи во Индонезија одзедоа 462 животи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на индонезиската Агенција за справување со катастрофи (BNPB), Агус Вибово, изјави дека во периодот 1 јануари - 2 декември на целата територија на државата се случиле 3.415 природни катастрофи.

Вибово информираше дека поради катастрофите, приближно 6 милиони лица биле принудени да ги напуштат своите домови и да се преселат. Тој изјави дека во катастрофите 462 лица ги загубиле своите животи, а 107 лица сè уште се водат како исчезнати.

Инаку минатата година во периодот 1 јануари - 20 декември беа доживеани 2.426 катастрофи, во кои животот го загубија 4.231 лице, претежно од земјотресот со интензитет од 7,5 степени што го потресе заливот Палу.

Индонезија се наоѓа во земјотресниот и вулкански појас наречен „Пацифички огнен прстен“. Во оваа земја годишно во просек се случуваат околу 6.000 земјотреси. Во исто време, земјата е под влијание на монсунските дождови, тропската клима и поројните дождови што паѓаат на територијата на целата земја, кои се причина за чести поплави во текот на годината.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.