свет

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, се вакцинира против Ковид-19

„Среќна сум што денеска ја примив првата доза на вакцината против Ковид-19, откако бројот на вакцинации во ЕУ надмина 100 милиони“, рече фон дер Лејен.

Ömer Tuğrul Çam   | 15.04.2021
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, се вакцинира против Ковид-19

БРИСЕЛ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, се вакцинира против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Фод дер Лејен информацијата ја потврди преку објава на социјалните мрежи.

„Среќна сум што денеска ја примив првата доза на вакцината против Ковид-19, откако бројот на вакцинации во ЕУ надмина 100 милиони“, рече таа.

Според неа, ќе се забрзува процесот на испорака на вакцините, како и вакцинациите во ЕУ.

„Колку брзо ќе се вакцинираме, толку побрзо ќе ја земеме пандемијата под контрола“, нагласи Фон дер Лејен.

Шеесет и двегодишната Фон дер Лејен сподели и фотографија од моментот на вакцинирањето.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.