свет

Пресуда на Шкотскиот суд: Пророгирањето на Парламентот од страна на Џонсон незаконско

Комисија составена од тројца судии на Врховниот граѓански суд на Шкотска, пресуди во корист на меѓупартиска група политичари кои вчера го покренаа прашањето за суспензијата на повисоко ниво

Ahmet Gürhan Kartal   | 11.09.2019
Пресуда на Шкотскиот суд: Пророгирањето на Парламентот од страна на Џонсон незаконско

ЛОНДОН (АА) - Шкотскиот суд денеска донесе историска пресуда во која одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон да ја пророгира (суспендира) работата на британскиот Парламент на пет недели ја карактеризира како незаконска, јавува Anadolu Agency (AA).

Комисија составена од тројца судии на Врховниот граѓански суд на Шкотска, пресуди во корист на меѓупартиска група политичари кои вчера го покренаа прашањето за суспензијата на повисоко ниво.

Со оваа одлука се отфрла претходната пресуда која утврди дека Џонсон, со пророгацијата не го прекршил законот.

Адвокатот кој го води случајот истакна дека во вторник ќе се поднесе жалба до Врховниот суд, највисокото правно тело во Велика Британија.

„Разочарани сме од денешната одлука и ќе поднесеме жалба до Врховниот суд на Велика Британија. Владата на Велика Британија треба да донесе тешка домашна законодавна агенда. Прогонирањето на Парламентот е легален и неопходен начин за реализација на тоа“, се вели во соопштението од Даунинг стрит.

Пророгацијата на двата дома на Парламентот до говорот на Кралицата на 14 октомври е под лупа бидејќи се гледа као потег за непречено доаѓање до крајниот рок за Брегзит на 31 октомври - датум на кој Џонсон инсистираше дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ со или без договор.

„Огромна благодарност до сите наши поддржувачи и нашиот прекрасен правен тим кои ја постигнаа оваа историска пресуда дека пророгацијата е незаконска“, напиша на Твитер Џоана Чери од Шкотската национална партија, една од пратениците што ја оспоруваа претходната одлука на судот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın