свет

Почина поранешниот претседател на Индонезија, Хабиби

Бахарудин Јусуф Хабиби беше третиот претседател на Индонезија, функција што ја вршеше од мај 1998 до октомври 1999 година откако даде оставка неговиот претходник Сухарто

Rhany Chairunissa Rufinaldo   | 11.09.2019
Почина поранешниот претседател на Индонезија, Хабиби

ЏАКАРТА (АА) - Поранешниот претседател на Индонезија, Бахарудин Јусуф Хабиби, почина на 83-годишна возраст во болница во Џакарта каде што беше хоспитализиран од 1 септември, пренесува Anadolu Agency (AA).

Хабиби, инженер по аеронаутика, беше третиот претседател на Индонезија, функција што ја вршеше од мај 1998 до октомври 1999 година откако даде оставка неговиот претходник Сухарто.

Познат е по тоа што управуваше со економијата на својата земја за време на азиските финансиски кризи.

Иако мандатот на Хабиби траеше помалку од две години, светот го запомни по тоа што ја стабилизираше валутата на земјата и нареди одржување референдум во Источен Тимор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın