свет

Портпаролот на Стејт департментот: „Со Турција имаме заеднички интереси особено во врска со Сирија“

- Портпаролот на Министерството за надворешни работи на САД (Стејт департмент), Нед Прајс, истакна дека ќе продолжат конструктивно да работат со Турција со цел остварување на заедничките интереси во Сирија

Hakan Çopur   | 03.03.2021
Портпаролот на Стејт департментот: „Со Турција имаме заеднички интереси особено во врска со Сирија“

ВАШИНГТОН

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на САД (Стејт департмент), Нед Прајс, истакна дека ќе продолжат конструктивно да работат со Турција со цел остварување на заедничките интереси во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Прајс на дневниот брифинг за медиумите одговори на прашањата во врска со последната состојба во Идлиб и за односите помеѓу Турција и САД во однос на Сирија.

Новинарот на АА укажа на вестите во кои се објаснува дека Турција е единствената земја што го спречила можниот масакр врз цивилите во Идлиб, и го праша Прајс дали постои можност за соработка помеѓу САД и Турција во врска со цивилите во Идлиб.

„Имаме заеднички интереси со Турција, особено во врска со Сирија. Ќе продолжиме конструктивно да работиме со Турција, со цел остварување на нашите заеднички интереси во Сирија“, рече Прајс.

Тој алудираше и на неговата претходна изјава во врска со турските војници што загинаа минатата година во Идлиб.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın