свет

Поранешниот претседател на Франција Саркози осуден на три години затвор

Во пресудата се наведува дека Саркози се обидел да го подмити судијата Жилберт Азиберт така што му понудил работа во Монако ако му открие детали од криминалната истрага за неговата политичка партија

Yusuf Özcan   | 01.03.2021
Поранешниот претседател на Франција Саркози осуден на три години затвор

ПАРИЗ

Поранешниот претседател на Франција Никола Саркози осуден е на три години затвор поради корупција, јавува Агенција Анадолија (АА).

На Саркози и неговите двајца соработници денес им се изречени пресуди во историскиот случај на обид на подмитување.

Судијата соопшти дека Саркози е осуден на тригодишна затворска казна, вклучувајќи едногодишна условна казна која може да ја издржува во куќен притвор, со постојано носење на електронската нараквица.

Во пресудата се наведува дека Саркози се обидел да го подмити судијата Жилберт Азиберт така што му понудил работа во Монако ако му открие детали од криминалната истрага за неговата политичка партија.

Азиберт и поранешниот адвокат на Сакрози, Тиери Херзог, исто така се осудени на три години затвор. На Херзог на пет години му е одземена адвокатската лиценца.

Саркози пред судот би требало повторно да излезе бидејќи е најавен почеток на уште една судска постапка во која се обвинува дека ненаменски трошел пари за своите предизборни кампањи. Се обвинува дека своевремено за предизборните кампањи илегално добивал финансиска поддршка од поранешниот либиски лидер Муамер ал Гадафи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın