свет

Поранешниот претседател Моралес стравува од избувнување на граѓанска војна во Боливија

Моралес повика на национален дијалог како единствен начин да се стави крај на насилството, и апелираше неговите следбеници да не се приклонуваат кон насилство

Beyza Binnur Dönmez   | 18.11.2019
Поранешниот претседател Моралес стравува од избувнување на граѓанска војна во Боливија

АНКАРА (АА) - Поранешниот претседател Ево Моралес изјави дека многу стравува дека тековните политички немири во кои загинаа најмалку 23 лица, ќе ја доведат земјата до граѓанска војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Моралес во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ (EFE) повика на национален дијалог како единствен начин да се стави крај на насилството, и апелираше неговите следбеници да не се приклонуваат кон насилство.

Тој исто така тврдеше дека членовите на бандите добиваат по 100 долари на ден за да продолжат со насилните протести против него.

Отворајќи ја вратата за меѓународно посредување со присуство на ОН, ЕУ или Католичката црква, Моралес рече: „Колку би било добро доколку Владата на Шпанија или [поранешниот претседател на Шпанија Хосе Луис Родригез] Сапатеро, [поранешниот уругвајски] претседателот Пепе Мухика или други влади ја преземат улогата во посредувањето.“

Моралес ја даде оваа изјава во време кога бројот на жртвите од политичките немири во текот на вчерашниот ден се искачи на најмалку 23.

Тој продолжи да објавува на Твитер во врска со насилствата во неговата земја, велејќи дека 24 лица - не 23, како што наведуваат и неколку други извештаи - всушност загинале во текот на изминатите неколку дена.

На 20 октомври во Боливија се одржаа претседателски избори. Опозицијата тврдеше дека на изборите е направена измама. Двете страни ги повикуваа своите поддржувачи да излезат на улиците.

Додека опозицијата повикуваше на поништување на изборите, Моралес најави нови избори, но поддржувачите на опозицијата најавија продолжување на протестите сѐ додека не се распишат избори без учество на Моралес.

Моралес поднесе оставка откако боливискиот началник на Генералштабот, Вилијамс Калиман, повика на оставка и замина во Мексико. Моралес го опиша процесот како „пуч“.

Жанин Анес, заменик-претседателката на Собранието на сенатори (Горниот дом на АЛП), беше избрана за привремена претседателка на земјата на седница на која немаше потребно мнозинство, бидејќи членови на партијата Социјалистичко движење (MAS), предводена од Моралес, не присуствуваа на седницата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın