свет

Поранешен полициски службеник тврди дека терористичките напади во Шпанија во 2017 биле организирани од тајната служба

„Шпанската разузнавачка служба сакала да ја дестабилизира Каталонија пред референдумот за независност“, вели Хозе Мануел Вилјарехо

Ahmet Gençtürk   | 14.01.2022
Поранешен полициски службеник тврди дека терористичките напади во Шпанија во 2017 биле организирани од тајната служба

АНКАРА (АА) - Терористичките напади во Шпанија во 2017 година беа организирани од Националниот разузнавачки центар (CNI), изјави поранешен висок полициски службеник, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Целта беше да се дестабилизира Каталонија пред референдумот за независност, но исходот во кој загинаа 16 лица беше погрешна пресметка“, рече Хозе Мануел Вилјарехо.

Цитирајќи го сведоштвото на Вилјарехо пред судот, медиумот објави дека нападите, во кои бил вклучен камион кој влетал во пешаци на познатата улица „Ла Рамба“ во Барселона, биле „сериозна грешка“ на поранешниот директор на Националниот разузнавачки центар (CNI), Фелиз Санз Ролдан.

Забелешките на Вилјарехо предизвикаа гнев кај дел од каталонските политички партии, особено кај оние кои се за независност во регионот.

Каталонскиот претседател Пере Арагонес побара од шпанската Влада повторно да го разгледа нападот, а правниот тим на неговата администрација да ги разгледа забелешките на поранешниот полицаец.

Претседателката на Парламентот, Лаура Борас, исто така, побара правниот тим на Собранието во регионот да го пренесе случајот до јавниот обвинител.

На 17 август 2017 година, комбе управувано од припадник на екстремистичка терористичка ќелија удри во пешаци на „Ла Рамбла“, при што загинаа 13 луѓе, а беа повредени 120. Четиринаесеттата жртва подоцна почина од повредите.

Дваесет и двегодишниот марокански возач уби уште едно лице додека бегаше и украде автомобил пред пеш да ја напушти областа.

Неколку часа подоцна, пет припадници на терористичката ќелија извршија втор напад на 100 километри подалеку во крајбрежниот град Камбрилс, удирајќи пешаци и притоа смртно избодувајќи жена.

Шесте терористи беа застрелани од полицијата на плантажа со грозје во близина на Барселона, а неколку дена подоцна, двајца други припадници загинаа при експлозија на работилница за бомби.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.