свет

Поранешен министер за одбрана на Мексико приведен во САД

Американски и мексикански извори информираа дека Циенфуегос, поранешен министер за одбрана на Мексико во периодот 2012-2018 година, приведен е на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес на барање на американската Администрација за борба против дрога

Gamze Türkoğlu Oğuz   | 16.10.2020
Поранешен министер за одбрана на Мексико приведен во САД

МЕКСИКО

Поранешниот министер за одбрана на Мексико, Салвадор Циенфуегос, приведен е во Соединетите Американски Држави (САД) под обвинение за „перење пари и трговија со дрога“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Американски и мексикански извори информираа дека Циенфуегос, поранешен министер за одбрана на Мексико во периодот 2012-2018 година, приведен е на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес на барање на американската Администрација за борба против дрога (DEA).

Мексиканскиот министер за надворешни работи, Марчело Ебрард, на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека американскиот амбасадор Кристофер Ланда го информирал за ситуацијата на пензионираниот генерал и дека Циенфуегос има право да добие конзуларна помош.

Висок мексикански претставник, кој не сакаше да биде именуван, рече дека Циенфуегос, за време на приведувањето бил со своето семејство.

Администрацијата за борба против дрога на САД не даде никаква информација за ова прашање.

Мексиканската Армија честопати беше обвинувана за кршење на човековите права во времето кога Циенфуегос беше министер за одбрана.

Најлошиот скандал од времето на Циенфуегос се случи во 2014 година кога војниците убија 22 осомничени во житница во Тлатлаја.

Истрагата за човекови права покажа дека најмалку осуммина од осомничените биле егзекутирани откако се предале.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.