свет

Поплави во Нигерија: Загинаа 185 лица

Салех Џили од Агенцијата за управување со итни состојби на Нигерија, во изјава за медиумите истакна дека како резултат на поплавите, 30.356 лица се раселени, а дека земјоделско земјиште од 9.127 хектари останало под вода

Adam Abu-bashal   | 17.10.2020
Поплави во Нигерија: Загинаа 185 лица

АБУЏА

Во поплавите предизвикани од поројните дождови во Нигерија загинаа 185 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Салех Џили од Агенцијата за управување со итни состојби на Нигерија, во изјава за медиумите истакна дека како резултат на поплавите, 30.356 лица се раселени, а дека земјоделско земјиште од 9.127 хектари останало под вода.

Џили нагласи дека Владата започнала работа за испраќање хуманитарна помош за погодените од поплавите? земјотресот.

Во поплавите од август досега загинаа 185 лица.

Илјадници лица останаа без покрив над глава поради поплавите.

Дождовите што во Западна Африка почнуваат да паѓаат во јуни, траат до септември.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın