свет

Поплави во Иран: Загинаа 10 лица

Претседателот на Агенцијата за помош и спасување на Црвената полумесечина на Иран, Мехди Велипур, говореше во врска со поплавите што се случиле вчера во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на земјата.

Mustafa Melih Ahıshalı   | 04.05.2021
Поплави во Иран: Загинаа 10 лица

ИСТАНБУЛ

Најмалку десет лица го загубија својот живот во поплавите предизвикани од поројните дождови во различни зони во Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот на Агенцијата за помош и спасување на Црвената полумесечина на Иран, Мехди Велипур, во изјава за Новинската агенција на ирански работници (ИЛНА) говореше во врска со поплавите што се случиле вчера во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на земјата.

„Поројните дождови предизвикаа поплави во Исфахан, Јазд, Јужен Хорасан, Хорасан Резави, Керман, Семнан, Техеран и Систан-Белуџистан. Откриени се безживотните тела на 10 лица што исчезнаа во Јазд, Јужен Хорасан и Керман. Продолжуваат операциите за наоѓање на едно лице“, рече Велипур.

Тој нагласи дека од поплавите се погодени 6 подрачја и 47 села, и дека стотици лица учествуваат во операциите за пребарување и спасување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın