свет

Поплави во Индонезија: Загинаа 21 лице, поплавени мостови, места за богослужба, училишта

- Во индонезиската провинција Јужен Калимантан, од 12 јануари досега поројните дождови предизвикаа поплави во кои животот го загубија 21 лице

Mahmut Atanur   | 20.01.2021
Поплави во Индонезија: Загинаа 21 лице, поплавени мостови, места за богослужба, училишта

ЏАКАРТА

Во индонезиската провинција Јужен Калимантан, од 12 јануари досега поројните дождови предизвикаа поплави во кои животот го загубија 21 лице, известува Агенција Анадолија (АА).

Фирмансјан, претставник на Војската на провинцијата Калимантан, изјави дека на 11 различни места, што ги опфаќаат регионот и градот, поради поплавите раселени се 63.608 лица.

Фирмансјан информираше дека во регионот се поплавени 66.763 домови, а 342.987 лица се погодени од поплавите, при што бројката на досега починатите се зголемила на 21.

На ниво на целата покраина под вода се наоѓаат 21 мост, 110 места за богослужба и 76 училишта, при што 18.000 хектари обработливо земјоделско земјиште претрпело штета од поплавите.

Поплавите и свлечиштата се честа појава во Индонезија, земја што се наоѓа во екваторијалниот појас, особено во периодот октомври - април.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın