Поларната светлина го обои небото над САД по силните сончеви ерупции
- Прекрасната глетка беше предизвикана од серија силни сончеви ерупции од класа X, а поларната светлина можеше да се види и на југ, сѐ до Флорида.
СКОПЈЕ (АА) - Небото над САД беше осветлено од поларната светлина, формирана по силните сончеви ерупции од класа X, известува Анадолу.
На небото над Принстон, во сојузната американска држава Минесота, можеше да се види ‘танцот’ на поларната светлина.
Прекрасната глетка беше предизвикана од серија силни сончеви ерупции од класа X, а поларната светлина можеше да се види и на југ, сѐ до Флорида.
- Поларна светлина
Поларната светлина е природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата.
На Северниот Пол овој ефект е познат како aurora borealis (северна светлина), наречена по Аврора, римската божица на зората, и Бореј, старогрчкиот назив за северниот ветер.
На Јужниот Пол, оваа светлина се нарекува aurora australis (јужна светлина), со слични својства, и е видлива во јужните делови на Антарктикот, Јужна Америка и Австралија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
