свет

Познати експертите што ќе ја проценуваат политичката улога на НАТО

Групата ќе работи на политичката улога на НАТО во иднина и ќе дава совети за Алијансата, за нејзината политичка координација и солидарноста меѓу сојузниците

Şerife Çetin   | 31.03.2020
Познати експертите што ќе ја проценуваат политичката улога на НАТО

БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го објави списокот на луѓе што ќе го спроведат процесот за зајакнување на политичката димензија на Алијансата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Столтенберг во својата писмена изјава потсети дека на состанокот од лидерите на НАТО во Лондон минатата година било решено да се формира група експерти што ќе работат за зајакнување на политичката димензија на Алијансата.

Изјавувајќи дека групата ќе биде составена од 5 мажи и 5 жени, Столтенберг рече дека со групата ќе претседаваат Томас де Мезиер и Вес Мичел.

Toj наведе дека групата ќе работи на политичката улога на НАТО во иднина и ќе дава совети за Алијансата, за нејзината политичка координација и солидарноста меѓу сојузниците.

Столтенберг исто така нагласи дека групата ќе биде во контакт со владите на земјите членки, Северноатлантскиот совет, механизмот за одлучување на НАТО и сите релевантни чинители.

- Турција ќе учествува во групата -

Во групата експерти ќе бидат вклучени лица од 10 земји, меѓу кои и од Турција. Од Турција, во групата се наоѓа помошникот на генералниот секретар на НАТО, Таџан Илдем.

Другите експерти дел од групата се: Грета Босенмаер од Канада, Ања Далгард Нилсен од Данска, Убер Ведрин од Франција, Томас де Мезиер од Германија, Марта Дасу од Италија, Хема Верхаген од Холандија, Ана Фотига од Полска, Џон Бев од Велика Британија и Вес Митчел од Соединетите Американски Држави (САД).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın