свет

Повторно воспоствени редовни летови помеѓу Турција и Русија

Во вечерните часови, патниците од Истанбул одлетаа за Москва. Пред летот на патниците им е измерена телесната температура и се придржуваа до мерките за физичка дистанца

İzzet Taşkıran   | 01.08.2020
Повторно воспоствени редовни летови помеѓу Турција и Русија

ИСТАНБУЛ

Редовните летови во Русија, воспоставени во рамките на мерките преземени со цел спречување на ширењето на коронавирусот (Ковид-19),повторно се во функција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во вечерните часови, патниците од Истанбул одлетаа за Москва. Пред летот на патниците им е измерена телесната температура и се придржуваа до мерките за физичка дистанца.

Еден од патиците, Азат Саифулин, рече дека во последните шест месеци беше во Швајцарија и Данска и дека минатиот месец одлучи да отиде во родната Русија.

Не успеа во тоа поради откажаните летови. Среќен е што успеа да купи карта за вечерашниот лет.

„Се надевам дека ќе се вратам во земјата. Имам и ПЦР тест кој се бара од патниците. Сакав да се вратам во својата земја, сега сум среќен", изјави Саифулин.

Меѓу патниците беше и Јулиа Хардинг, која е во транзит во Истанбул стигна од Лондон. Како што рече, имаше многу потешкотии да дојде до авионска карта за Русија.

Авион со 50 патници одлета за Русија во 22:35 часот по локално време.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın