свет

Повеќе од 100 починати во поплавите што ја зафатија Индија

- Дванаесет лица загинаа во последните 24 часа во поплавите што ја зафатија индиската држава Асам

Saadet Firdevs Aparı   | 23.06.2022
Повеќе од 100 починати во поплавите што ја зафатија Индија

АНКАРА (АА) - Дванаесет лица загинаа во последните 24 часа во поплавите што ја зафатија индиската држава Асам, известува Агенција Анадолија (АА).

Властите на оваа држава информираа дека бројот на луѓе кои ги загубија животите во поплавите кои ја зафатија државата на 6 април надмина 100. Властите соопштија дека меѓу загинатите има и четири деца.

Државната агенција за управување со катастрофи информира дека повеќе од 5 милиони луѓе во 32 подрачја се погодени од поплавите.

Повеќе од 271.000 луѓе погодени од поплавата се засолниле во кампови за помош.

Монсунските дождови, кои во периодот јуни - септември се ефикасни во Јужна Азија, секоја година предизвикуваат природни катастрофи и несреќи од големи размери, особено во Индија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın