свет

Песков: „Русија и Турција се во близок контакт во врска со прашањето за Идлиб“

Портпаролот Песков во изјава за медиумите во главниот град Москва се осврна на случувањата во сириски Идлиб

Emre Gürkan Abay   | 14.02.2020
Песков: „Русија и Турција се во близок контакт во врска со прашањето за Идлиб“

МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека лидерите на Турција и Русија оваа недела разговарале за прашањето за Идлиб, и нагласи дека се во близок контакт во врска со тоа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Песков во изјава за медиумите во главниот град Москва се осврна на случувањата во сириски Идлиб.

Укажувајќи дека тензиите во Идлиб се зголемени, Песков рече: „Русија и Турција се во близок контакт во однос на прашањето за Идлиб. Нашите лидери оваа недела имаа телефонски разговор, се состанаа и воените претставници. Експертските делегации имаат меѓусебни посети.“

Во соопштение на руското Министерство за надворешни работи се истакнува дека министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и неговиот турски колега, Мевлут Чавушоглу, планирано е да се состанат на 16 февруари, во рамките на Минхенската безбедносна конференција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın