свет

Песков: „Наскоро ќе го направиме последниот чекор за формирање на Уставниот комитет во Сирија“

„Средбата помеѓу двајцата лидери може да се смета за позитивна. За Путин е важно постигнатите договори за време на средбите да се спроведуваат“

Dmitri Chirciu   | 13.08.2019
Песков: „Наскоро ќе го направиме последниот чекор за формирање на Уставниот комитет во Сирија“

МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека работата за формирање на Уставниот комитет на Сирија е при крај, пренесува Anadolu Agency (AA).

Песков, во Москва, главниот град на Русија, даде изјава за медиумите во врска со ситуацијата во Сирија.

Во однос на работата за формирање на Уставниот комитет на Сирија, Песков нагласи: „Работите се при крај. Наскоро ќе го направиме последниот чекор за формирање на Уставниот комитет во Сирија.“

Песков, исто така информира и дека продолжуваат подготовките за трилатералниот Самит меѓу Турција, Иран и Русија, кој ќе се одржи во Турција.

Истакнувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин е отворен за дијалог за решавање на кризата во истокот на Украина, Песков нагласи: „Средбата помеѓу двајцата лидери може да се смета за позитивна. За Путин е важно постигнатите договори за време на средбите да се спроведуваат.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın