свет

Пекџан: „Турција го проширува спектарот на извозот“

„Во првите 10 месеци од годината, билансот на надворешната трговија имаше позитивен придонес од 29,1 милијарда долари“, истакна Пекџан пред парламентарната Комисија за планирање и буџет

Aysu Biçer   | 08.11.2019
Пекџан: „Турција го проширува спектарот на извозот“

АНКАРА (АА) - Во рамките на државното субвенционирање на Турција на извозот, најголем дел од буџетот на Министерството за трговија, поточно околу 3,7 милијарди турски лири (642,7 милиони долари) ќе бидат обезбедени за помош на извозниците оваа година, изјави турската министерка за трговија, Рухсар Пехџан, јавува Anadolu Agency (AA).

„Во првите 10 месеци од годината, билансот на надворешната трговија имаше позитивен придонес од 29,1 милијарда долари“, истакна Пекџан пред парламентарната Комисија за планирање и буџет.

Таа нагласи дека ова позитивно остварување во нето извозот помогнало во зголемувањето на економскиот раст, односно во првата половина на 2019 година нето извозот придонел со 9,7 поени во економскиот раст на Турција.

„Иако значителен дел од извозот се вршеше во долари, значителен дел од извозот се реализира и во евра“, рече Пекџан додавајќи дека во последните девет месеци, падот од 5,9 отсто на паритетто евро/долар имало негативен ефект врз извозот од 3,92 милијарди долари.

Истакнувајќи ја поддршката на Владата во скоро секое поле на извозот, таа рече дека на извозниците им биле доделени речиси 12.000 зелени пасоши, кои го олеснуваат добивањето виза за многу земји.

„Во многу области, почнувајќи од компјутерските игри и здравствените услуги, до технички и консултантски услуги за изведувачи на работи, Турција е на високо конкурентно место како земја извозник“, додаде таа.

Пекџан истакна дека турските компании-изведувачи реализирале вкупно 9.900 проекти и реални проекти во вредност од 392,7 милијарди долари во над 125 земји.

Во врска со зоните за слободна трговија, Пекџан рече дека заклучно со октомври, вкупниот обем на трговска размена во 18-те слободни трговски зони во Турција достигна 16,1 милијарди долари, што претставува 71 отсто од вкупниот извоз на Турција.

„Уделот на извозот на високата технологија од слободните трговски зони изнесува 9 отсто“, додаде министерката, нагласувајќи дека новите специјализирани зони за слободна трговија се во текот на зајакнувањето нанивниот потенцијал.

Целта на Турција е да го зголеми извозот на производите од високата технологија од слободните трговски зони според просекот на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) од 14 отсто, додаде Пекџан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın