свет

Патот на еден хиндус од рушител до градител на џамии

Балбир Синг, учествувал во рушењето на џамијата „Бабри“ во 1992 година што беше направено од страна на екстремистичките хиндуси. Поради тоа што чувствувал вина, тој учествувал во изградбата и реставрацијата на над 90 џамии и месџиди.

Zehra Ulucak   | 18.01.2019
Патот на еден хиндус од рушител до градител на џамии

Ankara

АНКАРА (АА) - Хиндусот кој во 1992 година бил дел од рушењето на џамијата „Бабри“, која била тема на несогласување десетици години меѓу муслиманите и хиндусите во Индија, откако преминал во ислам учествувал во изградбата и реставрацијата на над 90 џамии, јавува Anadolu Agency (AA).

Според вестите на индиските медиуми, Балбир Синг, кој учествувал во рушењето на џамијата „Бабри“ во 1992 година што беше направено од страна на екстремистичките хиндуси, премина во ислам и го смени своето име во Мухамед Амир. Поради тоа што чувствувал вина, тој учествувал во изградбата и реставрацијата на над 90 џамии и месџиди.

Амир во изјава за „Индија тудеј“ (India Today“) истакна дека учествувал во рушењето на горенаведената џамија. „По рушењето чувствував вина, и тогаш беше моментот кога одлучив да го прифатам исламот“, рече тој.

Амир нагласи дека тој заедно со неговиот пријател Мухамед Умар, кој преминал во ислам, го исполниле нивното ветување за реставрација на околу 100 џамии, со цел да им бидат простени гревовите.

Амир откако преминал во ислам се оженил со муслиманка и работи како предавач во џамија.

- Земјиштето на срушената џамија е тема на дискусии меѓу хиндусите и муслиманите

Зоната каде што се наоѓала џамијата „Бабри“ во историскиот град Ајодхја, веќе долги години продолжува да биде тема на дискусии меѓу муслиманите и хиндусите.

Радикалните хиндуси тврдат дека муслиманите го срушиле храмот изграден во 16 век во име на хиндускиот крал Рама, и изградиле џамија на негово место.

Екстремистичките хиндуси во декември 1992 година ја срушија џамијата „Бабри“ изградена во периодот на Мугалската Империја.

Рушењето на џамијата предизвика бунтови низ земјата, при што загинаа околу 2.000 лица.

Муслиманите во Индија бараат да изградат џамија во оваа зона, додека хиндусите бараат да изградат храм, тврдејќи дека тука е роден кралот Рама, кој го сметаат за господ.

Ова прашање е доведено до суд, а Врховниот суд во Индија во јануари 2019 година го одложи рочиштето во врска со овој судски предмет.

Во ноември беше донесена одлука името на градот Фаизабад, кој се наоѓа во индиската сојузна држава Утар Прадеш, да се смени во Ајодхја.

Ајодхја се смета за свет град од страна на хиндусите поради што, според хиндуистичката традиција, ова место е родно место на кралот Рама.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın