свет

Палестинското обвинителство: Израелската Војска ја усмрти новинарката Абу Аклех со „намера убиство“

Израелските сили продолжиле да отвораат оган откако е погодена Абу Аклех, со што е спречена брза интервенција за пружање помош на новинарката

Çağrı Koşak   | 14.05.2022
Палестинското обвинителство: Израелската Војска ја усмрти новинарката Абу Аклех со „намера убиство“

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Палестинското обвинителство соопшти дека палестинската новинарка на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех, е усмртена од израелската Војска со „намера убиство“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Канцеларијата на главниот обвинител упати соопштение во врска со истрагата по повод застрелувањето на новинарката Абу Аклех во градот Џенин на север на окупираниот Западен Брег утрото на 11 мај.

Во соопштението се наведува дека израелската Војска „ја усмртила Абу Аклех со намера да убие“.

„Истрагата спроведена на местото на злосторството и кај најблиското дрво утврди дека е пукано кон подрачјето на кое се наоѓала Абу Аклех“, се наведува.

Се додава дека израелската Војска се наоѓала во непосредна близина.

„Најблискиот израелски тим беше оддалечен 150 метри од Абу Аклех. Таа носеше елек за новинари и заштитна кацига во моментот кога е погодена“, се наведува во соопштението.

Исто така, се додава дека израелските сили продолжиле да отвораат оган откако е погодена Абу Аклех, со што е спречена брза интервенција за пружање помош на новинарката.

Ширин Абу Аклех, новинарка на Ал Џезира, која почина во средата откако беше застрелана додека известуваше за рацијата на израелските сили во градот Џенин, на окупираниот Западен Брег, беше погребана во окупираниот Источен Ал-Кудс/Ерусалим вчера.

Верскиот обред се одржа во катедралата „Благовештение“, а Абу Аклех беше погребана на протестантските гробишта на планината Сион, покрај нејзините родители.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.