свет

Пакистан: Во обемните снежни врнежи смртно настрадаа 41 лице

Како последица на рушење кров настрадаа 22 лица, а во водените буици 19

Behlül Çetinkaya   | 14.01.2020
Пакистан: Во обемните снежни врнежи смртно настрадаа 41 лице

ИСЛАМАБАД (AA) – Како последица на обемните снежни врнежи, што од неделата го погодија Пакистан, смртно настрадаа најмалку 41 лице, јавува Агенција Анадолија (АА).

Имран Заркон, челникот на Агенцијата за вонредни ситуации во Белуџистан, рече дека 22 лица смртно настрадале откако дошло до рушење на кровот. Блокирани се и сообраќајници и аеродроми.

Обемните врнежни во Азад Џаму и Кашмир и во Синдх и Пунџаб предизвикаа поплави.

Податоците на Националната агенција за управување со катастрофи (НДМА) покажуваат дека во буиците во Кашмир настрадале 15 лица, во Синдх едно, додека во Пунџаб три лица.

Поради снегот се отсечени и многу села во Белуџистан и Хајбер Пахтунви.

Во акциите за спасување на 500 луѓе, кои се заглавени на блокираните сообраќајници, учествува и војската, како и хеликоптери.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın