свет

Пакистанскиот премир Кан: „Осум милиони луѓе во Кашмир живеат во затвор од отворен тип“

Кан и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, одржаа заедничка прес-конференција по состанокот на Советот за стратешка соработка на високо ниво

Ekipa  | 15.02.2020 - Обновена : 17.02.2020
Пакистанскиот премир Кан: „Осум милиони луѓе во Кашмир живеат во затвор од отворен тип“ Фото: Erçin Top/АА

ИСЛАМАБАД (АА) - Премиерот на Пакистан, Имран Кан, потсети на нападите во Сирија врз турските сили и ја даде поддршката од пакистанскиот народ на властите на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Кан и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, одржаа заедничка прес-конференција по состанокот на Советот за стратешка соработка на високо ниво.

„Моментално во Сирија врз вас [Турција заб.ав.] се извршуваат напади. Сакам да ви кажам дека пакистанскиот народ и властите се секогаш со вас и тоа така ќе биде и во иднина. Што и да се случи, Пакистан е секогаш со вас“, изјави Кан.

Премиерот на Пакистан се осврна и на прашањето за Кашмир.

„Околу осум милиони луѓе во Кашмир живеат во затвор од отворен тип и под тиранија“, изјави Кан.

Додаде дека на подрачјето на Кашмир се наоѓаат и индиските војници и дека населението во тој регион е изложено на притисоци.

„Сакам уште еднаш да ви се заблагодарам на вашите зборови за Кашмир“, му кажа Кан на Ердоган.

Пакистанскиот премиер верува дека стратешките договори потпишани меѓу Турција и Пакистан ќе придонесат за унапредување на билатералните односи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın