свет

Орбан: „Миграцискиот бран не може да се запре без Турција“

„Без Турција, бранот од милиони мигранти упатени кон Унгарија и Европа нема да може да се спречи“

Fatih Hafız Mehmet   | 08.11.2019
Орбан: „Миграцискиот бран не може да се запре без Турција“

БУДИМПЕШТА (АА) - Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денес ја пофали улогата на Турција во решавањето на миграциското прашање, велејќи дека Турција е клуч за да се запре миграцискиот бран во Европа, пренесува Anadolu Agency (AA).

Орбан ја оцени еднодневната посета на турскиот претседател на Унгарија во неговото неделно обраќање на националното радио „Косут“.

Орбан изјави дека Унгарија ќе биде безбедна доколку Турција ги испрати бегалците во Сирија наместо во Европа.

„Без Турција, бранот од милиони мигранти упатени кон Унгарија и Европа нема да може да се спречи“, нагласи тој.

Унгарскиот премиер се осврна на изјавата на милијардерот инвеститор Џорџ Сорос кој рекол дека на Европа ѝ се потребни еден милион мигранти годишно.

„Промигрантските сили работат на отстранување на претседателот Ердоган од неговата функција“, рече Орбан.

Тој нагласи дека доколку во Турција нема стабилност и безбедност, тоа ќе предизвика милиони мигранти да дојдат во Европа и да го остварат „сонот“ на промигрантските сили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın