свет

Опозицијата во Судан ги прекина општиот штрајк и граѓанската непослушност

„Со подетални консултации со водачите на опозициските синдикати и групи, вклучувајќи банки, болници и авиопревоз, констатиравме дека генералниот штрајк ја оствари првобитната цел и испрати силна порака до владејачкиот Воен совет“

Ekipa   | 12.06.2019
Опозицијата во Судан ги прекина општиот штрајк и граѓанската непослушност

КАРТУМ (АА) - Опозицијата предводена од Коалицијата за слобода и промени прогласи крај на општиот штрајк и граѓанската непослушност, кои во Судан траеја три дена, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Коалицијата се наведува дека штрајкот е откажан заради спроведување додатни консултации во рамките на опозицијата.

„Со подетални консултации со водачите на опозициските синдикати и групи, вклучувајќи банки, болници и авиопревоз, констатиравме дека генералниот штрајк ја оствари првобитната цел и испрати силна порака до владејачкиот Воен совет“, се наведува во соопштението.

Истовремено, пратеникот на Етиопија во Судан, Махмуд Дирир, изјави дека Воениот совет и опозицијата во Судан постигнале договор за продолжение на преговорите за решавање на кризата во таа африканска земја.

Во неделата опозицијата во Судан прогласи општ штрајк за да изврши додатен притисок на владејачкиот Воен совет да ја предаде власта на цивилната влада.

По повеќемесечните антивладини протести, Војската на Судан во април го собори претседателот Омар ал Башир, кој владееше со таа африканска земја од 1989 година.

Војската го основа Транзицискиот воен совет кој би требало да управува со земјата во период од две години. Опозицијата се противи на владеењто на Војската и бара итно формирање на цивилна власт во таа африканска земја.

Минатата недела, суданската Војска започна кампања со цел задушување на протестите во таа земја, а во нередите на улиците беа убиени најмалку 118 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın