свет

ОН: Со туркањето на мигрантите кон Турција, соседна Грција отворено го крши меѓународното право

Портпаролот на УНЦХР, Борис Чеширков, во Женева за АА го коментираше минатонеделниот инцидент во кој грчките сили на нерегуларните мигранти им ги одзедоа парите и вредните предмети и потоа ги турнаа во морето кон Турција.

Bayram Altuğ   | 02.03.2021
ОН: Со туркањето на мигрантите кон Турција, соседна Грција отворено го крши меѓународното право

ЖЕНЕВА

Обединетите нации (ОН) сметаат дека со туркањето на нерегуларните мигранти кон Турција, властите на Грција грубо ја кршат Конвенцијата за бегалци од 1951 година, Европската конвенција за човековите права и правните норми на Европската Унија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР), Борис Чеширков, во Женева за АА го коментираше минатонеделниот инцидент во кој грчките сили на нерегуларните мигранти им ги одзедоа парите и вредните предмети и потоа ги турнаа во морето кон Турција. Станува збор за 13 авганистански државјани кои грчките поморски сили од кампот на Лезбос ги турнаа кон Турција.

„Туркањето на нерегуларните мигранти од страна на Грција кон копното и морето на Турција е тема што ја следевме и минатата година“, изјави Чеширков и додаде дека ОН се загрижени поради таквата практика.

Чеширков изјави дека таквата практика на грчките власти претставува грубо кршење на релевантните меѓународни договори кои го регулираат односот кон бегалците.

Министерството за надворешни работи на Турција претходно ја осуди практиката на грчките власти и ги повика да стават крај на принудните враќања на нерегуларните мигранти кон Турција и на загрозувањето на нивната чест и животот.

Грчките сили во текот на изминатите четири години кон Турција турнаа повеќе од 80.000 нерегуларни мигранти. Последниот таков инцидент се случи на реката Марица, во која турските погранични сили спасија десетици мигранти кои грчките сили ги турнале во чамците, а меѓу нив беа повеќе жени и деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın